Денеска Радев го врачува мандатот за состав на новата бугарска Влада

Фото: МИА

Бугарскиот претседател Румен Радев утринава ќе му го врачи мандатот за формирање нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание – „Промените продолжуваат”.

Церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство, пренесува БГНЕС.

Коалицискиот договор вчера го потпишаа победниците од „Промените продолжуваат”, „Демократска Бугарија”, „Има таков народ”, како и од БСП, откако нејзината лидерка во оставка, Корнелија Нинова, доби мандат од партиското раководство да го потпише.

Во зградата на бугарското Народно собрание подоцна ќе бидат претставени составот и структурата на новата бугарска Влада предложена од „Промените продолжуваат”.

Даниел Лорер од партијата „Промените продолжуваат” најави дека од нивната партија собираат потписи за вонредна седница на бугарскиот Парламент во понеделник, кога се очекува да се гласа за новиот владин кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот