Денеска пресуда за Мијалков во „Тортура“

Фото Архива

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се изрече пресудата за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестмина припадници на поранешните „алфи“ во предметот „Тортура“, кој се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 – ден по парламентарните избори.

Предметот го отвори поранешното СЈО по чие згаснување овој, како и сите други случаи, преминаа во рацете на редовните обвинителства.

Обвинетите се гонат за делото мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, а обвинителот Љубомир Лапе во завршните зборови побара затворски казни.

Обвинителството тврди дека при апсењето на Бошкоски имало мачење. Тој не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на полски тоалет кај ресторанот „Воденица“ во Скопје, бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат, а сето тоа предизвикало психичко страдање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот