Денеска од 8 до 15 часот: Без струја делови од Карпош, Чаир, Драчево и Долно Соње, без вода населбата Усје

ЕВН фото МИА

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 8 до 15 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Кемал Сејфула” и „Џон Кенеди” во општина Чаир, а од 9 до 11 часот дел од улицата „Малешевска” во населба Драчево. 

Според информациите од „ЕВН Македонија“, од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од улицата „Козле”, подулица бр.1, а од 10:30 до 13:30 часот улицата „Букурешка” од бр. 97 до бр. 115 и улица „Прашка”„ од бр. 44 до бр. 78 во општина Карпош.

Од 11 до 13 часот утре без струја ќе биде и дел од улицата „12″ во Долно Соње.

Според информации од „Водовод и канализација” утре од 9:30 часот без вода ќе бидат корисниците од населбата Усје поради активности на приклучок на водоводната мрежа со пречник од ф-150 мм. на ул. „Борис Трајковски” б.б.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот