Денеска нови факти за „Рекет“, најавува Ларис Гајсер, ќе ги соопшти во живо

Фото: Фејсбук

Ларис Гајсер, соработникот на италијанскиот весник Ла Верита, најави дека денес ќе изнесе нови факти за случајот „Рекет“.

Гајсер на Фејсбук профилот објави дека нови факти ќе соопшти при гостување на Радио Каподистри во 11 часот.

-Македонијо! Утре, 13 август во 11 часот, на Радио Каподистри. Во центарот на нови факти директно од студио-наведе Гајсер.

Гајсер во три продолженија , во онлајн изданието на Ла Верита, објави видео и аудио снимки за рекет од 1,5 милиони евра, кои за пуштање од домашен притвор наводно ги платил бизнизменот Орце Камчев.

Вчера , се огласи и шефот на државата кој бараше кривична и политичка одговорност на сите учесници на аферата , но во истовреме ги критикуваше оние надлежни претставници на институциите кои отишле на одмор во момент на сериозна афера која ги загрижи граѓаните и ги здрма државните институции.

Емисијата може да се следи на овој линк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот