Денеска координација кај спикерот Џафери, ќе ја спречи ли СДСМ амнестијата на Иванов?

Неизвесна е судбината на иницијативата на СДСМ за толкување на членот 11 од Законот за помилување. Пред денешната координација кај собранискиот спикер Талат Џафери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се изјаснија. Интегративците рекоа дека немале став, бидејќи уште траела консултацијата со домашни и меѓународни правни експерти за разјаснување на дилемата – дали поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов имал или немал право да ја повлече аболицијата за обвинетите во случаите на СЈО.

Партијата на Мицкоски, пак, во одлуката на Уставниот суд гледа политика, иако најголем дел од амнестираните во 2016 година се од нивните редови. Оттаму посочуваат и дека иницијативата на СДСМ имала грешка и ги советуваат пратениците на СДСМ, наместо да бараат толкување за чл. 11 тоа да го сторат за чл. 11-а.

– СДСМ треба добро да си ја разгледа иницијативата што ја достави до Собранието, затоа што има грешка, добро е да ја поправат, ако тоа не е намерно, за да не се случи утре иницијативата да падне. Во иницијативата пишува чл. 11, тоа е многу голема разлика. Суштински, кога ќе видите, иницијативата не одговара на она што се споменува. Пратениците на СДСМ не го процениле така правилно. Има време да се корегира. Еве од нас еден совет – рече пратеникот Александар Николовски, одговарајќи на новинарско прашање, која е грешката во иницијативата.

Од СДСМ, пак, му порачаа на Мицкоски, наместо да го избегунува одговорот, да ги повика пратениците да гласаат за иницијативата, бидејќи со автентичното толкување на членот 11 од Законот за помилување, се спречува обидот да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот