Денеска ќе се одржи комеморација во чест на маестро Александар Џамбазов: Игор сподели апел

Instagram
Фото: Инстаграм

Денеска ќе се одржи Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, во Фоајето на Националната опера и балет во 10 часот, а неговото последно испраќање на градските гробишта во Бутел во 12 часот.

Синот на маестро Џамбазов, актерот Игор, објави дека денеска ќе биде испраќањето на неговиот татко на вечното почивалиште. Игор притоа напиша дека погребот ќе биде од затворен тип, заради ковид-протоколите.

„Драги пријатели. Утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо, Џамбаз… Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и убавите зборови. Ве известуваме дека погребот ќе биде од затворен тип, се заради ковид-протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање“, порача вчера Игор на својот профил на Инстаграм.

Диригентот и композитор Александар Џамбазов почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст.

Почина Александар Џамбазов: Последен поздрав маестро

ВИДЕО | Сестрата на Игор Џамбазов сподели трогателна објава: Преубави времиња, посебен човек, тато!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот