Денеска ќе се потпише договорот за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце

Автопат илустрација /Фото: МИА

Договорот ќе го потпишат директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит”, Зоран Милковски.

Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се потпише Договор за изградба на првите два километри на автопатот Скопје – Блаце.

Договорот ќе го потпишат директорот на ЈП за Државни патишта Зоран Китанов и генералниот директор на А.Д. „Гранит”, Зоран Милковски.

На настанот, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе присуствуваат и вицепремиерот за европски прашања, воедно и во улога на координатор на Владата за проектот Скопје – Блаце, Бујар Османи и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот