Денеска ќе се одлучува за отворањето на угостителските објекти и градинките

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните.

Отворање на угостителските објекти, на градинките и намалување на полицискиот час, се некои од темите за кои Комисијата за заразни болести денеска би требало да разговара, по најавите дека ќе има олабавување на мерките по празниците.

Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.

Комисијата на денешната седница можно е да расправа и за отворање на границите, иако министерот за здравство Венко Филипче минатата недела рече дека се уште е рано за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот