Денеска гласаат лицата позитивни на Ковид-19 и во самоизолација, на овие избори нема да се спроведува гласање во дијаспората

Почнува тридневното гласање за десетите парламентарни избори, петти предвремени од независноста на земјата. Ова се најспецифичните избори што досега биле организирани во земјата имајќи ја предвид состојбата со коронавирусот и мерките што треба да се почитуваат, како од страна на граѓаните со носење маска, држење растојание, така и од страна на членовите на избирачките одбори, набљудувачите и сите други вклучени во процесот. Гласањето денеска почнува токму со лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии барања беа прифатени од Државната изборна комисија, а го спроведуваат посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.

Во Избирачкиот список за овие избори се запишани еден милион 814 илјади и 263 полнолетни граѓани со право на глас. Овој пат во Избирачкиот список се ставени и сите лица кои до 15 јули ќе станат полнолетни односно ќе наполнат 18 години.

Според информациите од Државната изборна комисија во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица.

Прочитајте и...  Позната причината за експлозијата во Бејрут: 2.750 тони амониум нитрат биле складирани небезбедно цели шест години (ВИДЕО)

На овие избори нема да се спроведува гласање во дијаспората, бидејќи за време на пријавувањето кое се случи пред прогласувањето на вонредната состојба, не се пријавија доволен број наши државјани. Сепак, иселениците ќе можат да гласаат доколку допатувале во нашата земја со важечка патна исправа.

Исто така, ДИК најави дека на изборите ќе можат да гласаат и лица со патна исправа чие важење истекло од прогласувањето на вонредната состојба, а е продолжено со уредба со законска сила на владата до 30 јули.

Во однос на изборните единици просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи. Најмногу гласачи има во Куманово има 93.603 избирачи, Битола со 81.607 избирачи, скопски Аеродром 66.525 избирачи, Бутел 33. 278 и.т.н. Општини со најмалку гласачи се Вевчани со 2.062, Конче 2.724, а најмала е Лозово е 1.997 гласачи.

Прочитајте и...  Незамислив ужас: 75 години од нападите со атомски бомби врз јапонските градови (ФОТО+ВИДЕО)

На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13 и други.

Гласањето ќе се спроведува на 3.480 гласачки места, а ќе се гласа за 15 политички партии и коалиции коишто вкупно имат 1.578 кандидати. Од нив, според статистиката на ДИК, 675 (42,78 отсто) се жени, а 903 (57,22 отсто) се мажи.

ДИК пред донесувањето на мартовската Уредба на Владата за запирање на изборните дејствија и одлуката на политичките лидери за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, ги потврди листите и го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Денеска се спроведува гласањето за лицата позитивни на Ковид-19 и во самоизолација, во 57 општини каде што имаше пријавено лица.

Утре, вторник, на 14 јули гласаат болните, немоќните и хронично болните, лицата во старските домови, затворениците и лицата во домашен притвор.

Прочитајте и...  Муслиу: Ако не сакаат пратенички трансфери, треба да се смени Изборниот законик

Гласачките места на 15 јули (среда), кој е прогласен за неработен ден, ќе бидат отворени во 7 часот наутро, а изборниот ден завршува два часа подоцна од вообичаено, односно во 21 часот. Гласањето е продолжено поради мерките за заштита од Ковид-19. Поради тоа исто така е сменета и локацијата на околу 10 отсто од гласачките места, поради тоа што не ги исполнувале препораките на здравствените власти.

ДИК, учесниците на изборите, сите вклучени во процесот повикаа првенствено на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, но и на почитување на демократските стандаради, на фер и слободни избори.

Првично овие избори беа закажани за 12 април, но поради пандемијата со коронавирусот тие беа одложени, а потоа презакажани за 15 јули, по долги преговори на политичките партии.

Изборите се одржуваат во ситуацијата кога во земјата недели наназад има троцифрени бројки на позитивни со коронавирусот. Но, земјата е без Парламент од февруари година, а ја предводи техничка влада чија првенствена задача, според Пржинскиот договор, требаше да организира фер и демократски избори.

Прочитај повеќе

Цивил со осуда против насилството и делата од омраза

Слободен печат

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Слободен печат

„Букинг“ отпушта 4.000 вработени

Слободен печат

СДСМ и понуди на ДПА да биде дел од владината коалиција

Слободен печат

Пад на приходите на „Дизни“ за 42 отсто

Слободен печат

Букинг ќе отпушти повеќе од 4.000 вработени

Слободе печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Одбележување Светска недела на доење – поддршка на доењето за поздрава планета

Слободен печат

Министерство за одбрана: Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

Слободен печат

Јужна Кореја прави сателит за следење на активностите на Северна Кореја

Слободен печат

Бизарни коинциденции: Дали Симпсонови уште еднаш ја предвидоа иднината, овојпат катастрофалната експлозија во Бејрут? (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат.

Во тропска бура Исија на источниот брег на САД загинаа најмалку четири лица

Слободен печат

Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти

Слободен печат