Денеска фудбалска „треска“: Барса – Реал, Манчестер јунајтед – Ливерпул, Интер – Јувентус…!

Барселона и Реал Мадрид, популарното „Ел Класико“ во Шпанија/Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

После „скромната“ сабота, недела нуди спектакуларна фудбалска програма ширум Европа каква што не се гледа често во текот на викендите.

Фудбалската „треска“ ќе стартува со „Ел Класико“ од 16.15 часот, односно дуелот помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Ова ќе биде прва пресметка сезонава помеѓу овие две екипи во Шпанија, а и покрај тоа што се гости, „кралевите“ ја имаат фаворитската улога.

Од 17.30 часот во англиската Премиер лига се игра најголемото дерби, Манчестер јунајтед е домаќин на Ливерпул. „Црвените“ од Енфилд се моментно второпласирани, со четири бода заостанување зад Челси кој има натпревар повеќе, а „црвените ѓаволи“ се на четири бода оддалеченост од Ливерпул.

Од 18.00 часот на „Олимпико“ стадионот Рома го очекува Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, а во 242 дерби на Италија од 20.45 часот се сретнуваат Интер и Јувентус

Денеска, недела (24 октомври) –

16.15 часот Барселона – Реал Мадрид

16.45 часот Ајакс – ПСВ

17.30 часот Манчестер јунајтед – Ливерпул

18.00 часот Рома – Наполи

18.00 часот Зенит – Спартак

19.30 часот Олимпијакос – ПАОК

20.45 часот Олимпик Марсеј – ПСЖ

20.45 часот Интер – Јувентус

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот