Денеска еден гигант помалку во ЛШ, Баерн Минхен или Барселона!

фото: твитер

За многумина ова е финале пред финалето, според експерите можно е токму оваа пресметка да го даде новиот европски шампион, иако станува збор само за четвртфинален дуел. Барселона и Баерн Минхен се меѓу екипите кои имаат најголеми шанси за освојување на титулата сезонава во Лигата на шампионите.

Вечерва еден од гигантите ќе се соочи со елиминација, дуелот се игра од 21.00 часот на стадионот „Да Луж“ во Лисабон и ќе го даде третиот полуфиналист. Победникот од овој меч во следната фаза ќе се соочи со подобриот од утрешната пресметка помеѓу Манчестер сити и Лион.

Секако сите погледи ќе бидат насочени кон Роберт Левандовски и Лионел Меси, едни од најголемите ѕвезди во нивните екипи.

После пет години ова ќе биде прв натпревар помеѓу Барса и Баерн. Во 2015 година каталонскиот клуб го елиминираше Баерн во полуфиналети и се одмазди за дебаклот две години претходно кога баварската екипа со 7:0 ја исфрли Барса на патот до титулата шампион на Европа.

Оваа сезона играчите на Сетиен не блескаа во осминафиналето против Наполи, но ја забележа потребната победа на реваншот (3:1) за вкупно 4:2 и свое место во Топ 8 најдобри. На спротивната страна фудбалерите на Флик во двата меча го декласираа Челси, со две победи од 3:0 и 4:1.

ЛШ, Матеус: Левандовски е подобар и од Меси!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот