ДЕНЕСКА Е ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА: Одбранете ги децата од лошите пороци, а еве што никако не смеете да правите

Според календарот на Македонската православна црква, денеска се празнува Воведение на Пресвете Богородица, празник кој во народот е познат и како Света Пречиста или пак само Пречиста, а влегува во групата од дванаесет најголеми христијански празници.

Се смета за женски празник и повеќе го празнуваат младите жени, особено оние што немаат деца.

Празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот ни го истакнува за углед односот на праведните Јоаким и Ана, нивното исполнување на ветеното, но и нивната грижа за правилно воспитување на нивното дете.

Овој празник и денес е актуелен, со тоа што укажува на потребата родителите да се заложат за правилно воспитување на своите деца, за осознавање на вредностите на верата, но и за одбрана од лошите пороци кои што денес ја уништуваат младината.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Денеска не треба да започнувате важни бизниси, ниту пак да користите ножеви и ножици или други сечила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот