ДЕНЕСКА Е СВЕТСКИ ДЕН НА РАДИОТО: Најстариот електронски медиум без кој многу не можат да го замислат животот

Колку пати сте го вртеле копчето на радиото и сте ја барале точно таа фрекфенција, станица или сте посакале да ја слушнете точно таа радио-емисија или музичка програма специфична за некоја радио станица?

Радиото е најстариот електронски медум и денеска го слави својот ден, односно Светскиот ден на радиото. Првиот успешен радио пренос го извел Гиљермо Маркони во 1901 година кога воспоставил бежична прекуокеанска врска.

Иако изгледа дека е најмалку застапен, да не речеме занемарен од страна на печатените медиуми, весници, магазини или пак модерните медиуми како што се интернет сајтови и онлајн изданијата на дневните вести и телевизиските програми, радиото, колку и да звучи тоа чудно е поприсутно отколку што мислиме.

Додека го возите автомобилот, многу е веројатно дека за да не ја слушате бучавата од улиците и свирките од колите околу вас вие ќе го засилите звукот на радиото. Седењето во кафулињата и пиењето на кафето често го дополнува звукот на музиката или гласот од радиото во позадина, а за тоа не сте ни свесни.

Радиото е добар пријател кога сме сами, кога работиме бидејќи од нас не бара постојано внимание. Радиото програма е, како што е убавата гарнитура во дневната соба украс на простор, украс на времето во кое внесуваме најразлични тонови на музика радиофонични гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот