Денеска е првиот ден на пролетта: Еве зошто повеќе не доаѓа на 21 март

Фото: Rawpixel

Официјално денеска, 20 март, во 16 часот и 33 минути започнува најубавото годишно доба – пролетта, кога настапува рамноденицата која го навестува крајот на зимата. На денешниот датум ноќта и денот ќе бидат со еднаква должина. Учевме дека сите годишни времиња, освен есента, започнуваат на 21 во месецот, но пролетта веќе околу две децении пристигнува еден ден порано.

Најубавата годишно доба започнува на пролетната рамноденица, кога ноќта и денот траат исто, по дванаесет часа. А, од денеска и секој ден ќе биде подолг.

Фото: Pxhere

Зошто се менува датумот на првиот ден од пролетта?

Пролетната рамноденица може да падне кога било помеѓу 19.03. и 21.03. – во зависност од тоа кога Сонцето ќе се најде над екваторот на Земјата. Постојат два различни методи кои го одредуваат почетокот и крајот на годишните времиња – метеоролошки и астрономски.

Mетеоролошкиоt метод – метеоролозите ги набљудуваат годишните опаѓања и порасти на температурата, како и состојбата во атмосферата. Ова се утврдува климатолошки, со следење на статистиките за температурите и координира според календарот – за да ги подели годишните времиња на четири тримесечни годишни доба. Според овој метод, секое годишно време трае три месеци.

Вториот астрономски метод се заснова на – астрономски сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Според овој метод, астрономскиот календар ги одредува годишните времиња според тоа кога ротационата оска на Земјата е на 23,5 степени во однос на орбитата околу Сонцето.

Фото: Wikimedia Commons

Па така, оваа година, пролетта ни пристигнува денеска попладне.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот