Денеска е најтажниот христијански празник: Велики петок, ден на тишината, постот и молитвата

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок.

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството затоа што на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија.

Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале”. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона/клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.

Што се однесува до обичаите околу храната на овој ден, уште одамна е востановен строг пост на вода, односно консумирање на храна која не се пржи на масло. Затоа денеска според правилата не би требало да јадете посен грав, риба, пржен компир… Поголемиот број христијани на денешен ден јадат варен зеленчук и овошје. Во некои манастири монасите не јадат ништо сè до заоѓањето на Сонцето, а до ова правило се придржуваат и некои верници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот