Денеска е најскап дефанзивец, а во болнички кревет пишуваше тестамент

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Вирџил Ван Дајк  сè уште ја носи титулата на најскап дефанзивец на светот откако Ливерпул за неговите услуги на Саутемптон му плати 75 милиони фунти. Фудбалерот од натпревар во натпревар покажува дека не се залудно платени толку многу пари за неговите услуги.

Сепак, на почетокот од неговата кариера малку фалело Вирџил Ван Дајк да не ги достигне сегашните успеси.
Неодамна тренерот на резервниот тим на Гронинген, Дик Лукен, раскажа застрашувачка приказна за Ван Дајк во која имало шанса тој да не биде меѓу живите.

Ван Дајк по натпреварот со Ексцелзиор во рамките на холандската прва лига завршил во болница поради болки во стомакот. Докторите не успеале да пронајдат ништо, одлучиле дека станува збор за вирус и го пратиле дома.

– Делуваше многу болно, но мислевме дека ќе му помине. Меѓутоа тоа што докторите веруваа дека е стомачен вирус, стануваше сè полошо за Ван Дајк. Дојде и неговата мајка и одлучивме да го однесеме во друга болница во која лекарите констатираа дека има воспаление на желудникот кое се проширило на слепото црево и на бубрезите – раскажува Дикен.

Ван Дајк не сака да зборува за тоа кога му било дадено да потпише тестамент.
– Од болките ми се привидуваа многу работи во болничката соба, мајка ми беше покрај мене. Бев опериран и пропуштив два месеци од сезоната. Навистина пред операцијата ми дадоа да потпишам документи, во случај на моја смрт мајка ми да задржи дел од моите примања. Јасно, ми беше тешко кога ги видов документите, но морав да ги потпишам, бев сведен дека постои можност да ми се случи и најлошото – зборува Ван Дајк.

Откако се врати во Гронинген одигра фантастична 2013/14 сезона, која му овозможи трансфер во шкотскиот шампион Селтик, со кго пак освои две титули. Потоа следеше трансфер во Саутемптон, а една година подоцна и рекорден трансфер во Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот