Денеска без вода дел од корисниците на ул. Финска, викендов прекинато водоснабдување во Центар

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради уличен дефект од Ф 100 на ул. Финска бр.7, прекинато водоснабдување ќе има на дел од ул. Финска.

Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12 часот, па сѐ до завршување со активностите.

Воедно од претпријатието информираат дека за време на викендов што следи поточно во недела, поради санирање на два дефекта на затварачи од Ф-300 мм на ул. Св. Кирил и Методиј (до преставништво на ЕУ) во населба Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на неколку улици.

– Дел од ул. Мајка Тереза, дел од ул. Шарски одреди,дел од ул. Св.Кирил и Методиј, дел од ул. Даме Груев, дел од ул. Димитрие Чуповски и дел од ул. Св. Климент Охридски, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8.30 часот, па сѐ до завршување со активностите, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот