Денес се празнуваат Светите апостоли Сила, Силуан, Крискент, Епенет и Андроник

Сите се од седумдесетмината апостоли. Свети Сила беше испратен од Јерусалим во Антиохија со Павле и Варнава да го решат спорот меѓу верните околу обрезанието, односно дека не треба да се обрезуваат незнабожците кои преминуваат во христијанство (ДАп. 15, 22).

По ова, Сила патуваше со Павле по Азија и Македонија и беше поставен за епископ во Коринт, каде мирно се упокои. Силуан им помагаше на двајцата врховни апостоли (1Пт. 5, 12; 2Кор. 1, 19). Како епископ во Солун се потруди многу и многу претрпе додека не го замени земниот живот со небесниот. Крискент му беше сотрудник на Светиот апостол Павле (2Тим. 4, 10), а потоа епископ во Галија, каде маченички пострада за Христа во времето на Трајан. Свети Епенет, кого го спомнува Светиот апостол Павле (Рим. 16, 5), беше епископ во Картагена. Андроник (Рим. 16, 7), епископ Панонски, се спомнува одделно, на 17 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот