Денес се празнуваат Рамноапостолни Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, и нивните учители Кирил и Методиј

Рамноапостолни Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, и нивните учители Кирил и Методиј

Големиот сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец почина на денешен ден, во 916 година. Но, бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 25 ноември, на празникот на светиот свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник беше поместен на овој датум, а на денешен ден се празнува заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици – светите Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Светиот Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј и поради тоа денот на неговото упокојување беше земен за нивни заеднички празник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот