Денес се празнуваат Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (12 јуни). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест. Но, кога во него се разбуди духот, тој презре се светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг. Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на старецот Исакиј. И кога му се приближи смртниот час, старецот го постави Далмат за игумен наместо себеси. Подоцна таа обител по него се нарече Далматска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот