Денес ќе се финализира списокот на земји чии граѓани ќе може да ги минуваат границите на ЕУ

Земјите-членки на ЕУ до денеска на пладне треба писмено да се изјаснат за списокот на земји за кои од 1 јули ќе престанат да важат ограничувањата за патувања во земјите од Шенген зоната.

Минатата недела, земјите-членки изготвија „нацрт список” од 15 држави, чии граѓани од утре ќе бидат во можност непречено да ги минуваат надворешните граници на ЕУ.

Ако ниту една од 27-те земји членки денеска до пладне на гласа против, списокот ќе се смета за усвоен.

Европската комисијата предложи Западен Балкан да биде меѓу првите на списокот, наведувајќи ги блиските односи на ЕУ и поради политиката за интеграција на регионот.

Засега само Србија и Црна Гора се наоѓаат на прелиминарниот список од 15 земји, заедно со Алжир, Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Прочитајте и...  Шилегов: Клинички центар сега е комплекс со најсовремена инфрастуктура (ФОТО)

Од друга страна, Албанија, БиХ, Северна Македонија и Косово наводно до 15 јуни имале регистрирани по повеќе од 25 заразени на 100.000 жители, а просекот во ЕУ за овој период изнесувал 13 регистрирани случаи на Ковид-19 на 100.000 жители.

ЕУ наведува дека овој список ќе го ажурира на секои две недели, во согласност со најновите епидемиолошки податоци.

Прочитај повеќе

Германците никогаш не возеле постари возила: Возниот парк со просек од 10 години

Слободен печат

Панчевски во притвор во Шутка, доброволно се пријавил

Слободен печат

До 11 часот во Куманово гласале 14,12 отсто, во Липково 10,45 отсто и во Старо Нагоричане 12,72 отсто од избирачите

Слободен печат

Србија: Задолжително носење заштитни маски на отворено

Слободен печат

Шабани: Излезноста на граѓаните до 13 часот изнесува 23, 81 осто (ВИДЕО)

Слободен печат

Бројот на заболени деца од ковид-19 за неполн месец се зголеми за 6,5 пати

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во САД се појави извештај за пробни вакцинации против коронавирусот

МИА Агенција

Во гостиварскиот регион има 146 активни случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Државната изборна комисија

Слободен печат

Турција го намали ДДВ за туризам на 1 отсто

Слободен печат

Кипар го зголемува бројот на тестирања на туристите по случаен избор

МИА Агенција

Студија: Драстичен пад на наталитетот во Италија, со 2100 година ќе се преполови населението

Слободен печат