Денес и утре во Собранието ќе се одржи „Жан Моне Дијалог 2″ – Слободен печат
ВестиМакедонија

Денес и утре во Собранието ќе се одржи „Жан Моне Дијалог 2″

Прес-конференција за исходот од вториот дијалог во рамки на процесот утре ќе оджат претседателот на Собранието, Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на дијалогот – Вајгл, Кукан и Флекенштајн.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска и утре ќе се одржи вториот дијалог од процесот „Жан Моне”, со кој ќе копретседаваат европратеникот и известувач за нашата земја Иво Вајгл и европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

Како што соопштија од собраниската прес-служба, претседателот на Парламентот, Талат Џафери ќе има средба со европратениците, пред отворањето на дијалогот.

Прес-конференција за исходот од вториот дијалог во рамки на процесот утре ќе оджат претседателот на Собранието, Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на дијалогот – Вајгл, Кукан и Флекенштајн.

Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне” претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close