Денес е меѓународен ден на јогата!

Во светот денес се одбележува Меѓународниот ден на јогата, кој го започнале UN во 2015 година, а оваа година ќе помине во светло на пандемијата од коронавирусот.

Јогата е древна индијска пракса на саморазвој, која во 2016 година влегла во списокот за нематеријалното културно наследство на човештвото на Организацијата на UN за образование, наука и култура (UNESCO).


Таа пракса од Индија се проширила низ целиот свет и ја практикуваат луѓе од сите возрасти. Помеѓу останатото претставува мешавина на физички вежби, медитација, контролирано дишење и други техники кои го смируваат телото и умот, но и ја намалуваат болката.

Индискиот премиер Наренда Моди е голем следбеник на јогата и во неколку наврати рекол дека благодарение на неа може да работи прекувремено и дека му се доволни само 4 до 5 часа сон.


Моди во ноември 2014 година го именувал првиот министер за традиционална медицина која подразбира јога, ајурведа и хомеопатија.

Индискиот премиер минатата година на 21 јуни заедно со 40 илјади луѓе во Индија практикувал јога. Тој оваа година поради коронавирусот ги повикал граѓаните да вежбаат јога во своите домови, наместо колективно и на отворено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот