Денес е 02.02.2022: Што вели нумерологијата за оваа „чудна“ комбинација?

Февруари, 2022/profimedia
Февруари, 2022/profimedia

Во февруари 2022 не мора да се најгласни само мачките. Можеби тоа се однесува на плодноста за сите нас, во сите аспекти.

Месецот февруари почнува со новата Месечина во Водолија, која носи енергија на нови почетоци и промени, а само еден ден подоцна го доживуваме како што некои го нарекуваат „првиот од последните три 222 дена од векот“ кој се случува на 2 февруари 2022, 20 февруари 2022 година и 22 февруари 2022 година.

Ова е крајот на низата 222 што почна во 2000 година, со други клучни години 2002, 2020 и 2022 година.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

Уникатна низа што се појавува само еднаш!

Во нумерологијата, низата од 222 броеви често се нарекуваат „ангелски броеви“. Исто така, бројот 2 во нумерологијата се однесува на енергијата на двојноста, партнерството, односот и рамнотежата. Клучните лекции кога станува збор за бројот 2 се главно фокусирани на компромис, прифаќање, сочувство, соработка и хармонија.

Кога 2 е во низа како во 222, оваа енергија е супер наполнета. Постои повик да му пристапите на животот со повеќе сочувство, да барате подобра рамнотежа, да соработувате со другите, да барате партнерство кога можете и да се стремите кон хармонија.

Овие 3 хороскопски знаци ќе свртат „нов лист“ во наредните месеци: Следат нагли и неочекувани промени!

За што е поволен, а што треба да се избегнува на втори февруари?

Втори февруари ја отвора „магичната кутија“. Се поттикнува имагинацијата и креативноста. Поволен ден за уметниците. Практичните работи малку потешко ќе ви одат од рака.

На овој ден  не треба да се венчате, иако многумина мислат поинаку. Иако двојката симболизира двојност, поврзаност, љубов, Месечината е таа што ја рефлектира сончевата светлина, која носи негативна енергија кога станува збор за спојување на две енергии.

Денот е добар за мечтаење, па затоа е идеално да си посакате желба, бидејќи вселената ќе даде сѐод себе да ја исполни. Внимавајте, денеска не се потпишуваат договори, ниту се решаваат правни прашања. Избегнувајте големи купувања, бидејќи сè што ќе купите на овој ден наскоро би можело да се расипе.

Конечно, 2.2.2022 носи прекрасна енергија за зачнување. Месечината носи женска енергија, па денес фатете се за работа!

Видео на денот