Денес две седници на Советот на Град Скопје

Фото: МИА

Советот на Град Скопје денеска ќе одржи две седници. На 46-та седница, закажана на пладне, на дневен ред е поставување советнички прашања.

По нејзиното завршување, Советот на Град Скопје ќе ја одржи 47-ма седница. На дневен ред се 20 точки меѓу кои: Предлог-одлука за изменување и дополнување на Oдлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Чаир за изработка на проект за реновирање на салата „Партизан”, Предлог-програма за активностите на Град Скопје за соработка со здруженија и фондации во 2020 година, Предлог-годишна оперативна Програма за подигање и одржување на зеленило на подрaчјето на Град Скопје за 2020 година…

Советниците ќе расправаат и за повеќе Предлог-одлуки за давање согласност на инвестициска програма на јавните претпријатија „Паркови и зеленилo”, „Комунална хигиена”, „Улици и патишта”, ЈСП Скопје…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот