Дендиас: Треба да се охрабри европската перспектива на Македонија и Албанија

Европската перспектива треба да се охрабри и претставува единствен пат за стабилност, безбедност и просперитет на регионот, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по средбата со шефот на холандската дипломатија Стеф Блок и додаде дека внимателно ги слушнал ставовите на неговиот колега од Холандија „проучувајќи начини за да се создадат услови во Европската унија за двете земји да одат напред”, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната средба во грчкото МНР, Дендиас рече дека го известил Блок за неговото патување во Северна Македонија и вонредното, поради земјотресот, во Албанија и истакна дека станува збор „за две земји кои чекаат на прагот на заедничкото семејство- Европската унија”.

-Нивната европска перспектива, како и европската перспектива на другите земји од регионот треба да се охрабри. Претставува единствен пат за зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на нашето соседство. Внимателно ги слушнав ставовите на мојот колега и проучувајќи начини за да се создадат услови во Европската унија за да можат овие две земји да одат напред кон следниот чекор, секако со строг предуслов, исполнување на критериумите во нивниот реформаторски тек. Тоа е жива дискусија која што ќе ја продолжиме- рече Дендиас по средбата со Блок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот