Дендиас: Со Северна Македонија да се согласиме за правилно толкување на Договорот од Преспа

Северна Македонија треба да ги почитува обврските и правилно да го толкува Договорот од Преспа, порачува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервју за грчкиот весник „Катимерини”.

– Во однос на Владата на Северна Македонија јасно е дека треба строго и точно да се придржуваат до обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа. Во ова е вклучено и точното толкување, бидејќи секој правен текст, па дури и најкомплетниот и најдеталниот правен текст има простор за толкување. Сакаме да се согласиме со Владата на Северна Македонија за правилно толкување на договорот. Да ги решиме проблемите со производите. Да ги заштитиме интересите на грчките бизниси на позитивен начин за целиот регион. Да се почитува се што е предвидено за прашањата на културното наследство на античка Грција, вели Дендиас.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција денеска е во Луксембург, каде што ќе учествува на Советот за надворешни прашања на ЕУ.

Утре, шефот на грчката дипломатија заедно со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција ќе учествуваат на Советот за општи работи на Унијата, а дискусијата ќе се фокусира на подготовката за претстојниот Совет на ЕУ на 17 и 18 октомври. Особен акцент за време на утрешниот состанок ќе биде ставен и на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот