Дендиас: Прелиминарните разговори со Турција се важен, но не и голем чекор

Фото: МИА

Треба да се согласам со сите кои велат дека ова е важен чекор, но дозволете ми да кажам дека не е голем чекор, вели министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервјуто за „Јуроњуз” во однос на прелиминарните разговори со Турција што по пауза од речиси пет години се одржаа во понеделникот, јави дописничката на МИА од Атина.

Објаснува дека не станува збор за преговори, туку за разговори на амбасадорско ниво кои што ги одредуваат условите за да има вистински преговори.

-Ова беше прва средба по пет години. Патем, да бидеме искрени, Турција беше таа која ги прекина разговорите во 2016 година, а не Грција, како што тврди Турција. Но, надвор од тоа, важно е дека продолжија. Ова беше прва средба, сфаќам дека беше средба за одново да се сретнеме. Ќе видиме каде ќе одиме понатаму. Треба да бидеме реалисти, но исто така треба да бидеме и оптимисти, рече Дендиас. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот