Дендиас од Османи побарал на ЕУРО2020 да настапиме под акронимот НМ или РНМ наместо МКД

Никос Дендиас / Фото: EPA-EFE/PETROS KARADJIAS/ POOL

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, по повод учеството на Македонија на Европското фудбалско првенство испратил писмо до неговиот колега Бујар Османи, во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, но и употреба на кратенката „НМ” или „РНМ” наместо „МКД”, брифираат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според дипломатските извори од Грција, Дендиас во дописот пишува дека иако во Договорот, како што е предвидено во член 1, параграф 3, точка е, кодот за името Северна Македонија во Меѓународната организација на стандардизација (ИСО) останува „МКД”, „употребата на конкретниот акроним на ЕУРО2020 не може да биде прифатен од Грција”.

Истите извори додаваат дека во рамките на меѓународната практика на целосното имплементирање на договорот, како и обидите за одржување на позитивна динамика во билатералните односи, „Северна Македонија мора да користи акроним што одговара на нејзиното име, како што е „NM” (North Macedonia) или алтернативно „RNM” (Republic of North Macedonia)”.

Дополнително, во писмото Дендиас истакнал дека треба да се реши и прашањето со промена на името на Фудбалската федерација, но и побарал Османи да интервенира за решавање на овие прашања во рамките на добрососедските односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот