Дендиас од Израел: Турските прекршувања се опасност за безбедноста и стабилноста

Јасно им ставив на знаење на моите израелски соговорници дека турските прекршувања претставуваат опасност за сите земји од нашиот регион, опасност за безбедноста и стабилноста, порача од Израел шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, по средбите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи на Израел Габи Ашкенази, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас рече дека ѝ се заблагодарил на израелската страна за „јасниот став и позиција за турските прекршувања во Источниот Медитеран”, а со домаќините имал можност да поразгоара и за прашањата поврзани со енергетиката, за Источен Медитеран, но и за економската соработка меѓу двете земји.

– Односите на Грција со Изрел се продлабочуваат, се развиваат, истакна Дендиас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот