Дендиас: Ќе се обидеме да го олесниме решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија

Како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за „Јуроњуз”.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија во интервјуто уште еднаш ја повторува поддршката на Грција за европската перспектива на регионот.

– По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Северна Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики. И сигурен сум дека сите ќе го ценат тоа, вели Дендиас.

На прашањето дали Грција би презела конкретни иницијативи, шефот на грчката дипломатија одговара дека „иницијатива е многу силен збор” и додава дека тие се пријатели со сите и се обидуваат на сите да им помогнат.

– Но, повторно треба да кажам дека треба да ја гледаме големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија, истакнува министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за „Јуроњуз”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот