Дендиас: Ја промовираме и поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан

Фото: МИА

Поддршката на Грција за европската перспектива на земјите од регионот, уште еднаш ја изрази министерот за надворешни работи Никос Дендиас, овој пат за време на неговиот говор на расправата во Парламентот за буџетот за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас говореше за сите аспекти на грчката надворешна политика, за досега постигнатото, за следните планови, а кусо го спомена и соседството на Грција.

-Во однос на регионот од нашето непосредно соседство, ја промовираме и поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан врз основа на иницијативата од Солун и соодветните услови, рече Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија се осврна и на односите со САД, рече дека имале успешна соработка со државниот секретар во заминување Мајк Помпео и истакна дека досегашните позиции на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден за прашања од грчки интерес, како и најавената администрација, „ни даваат за право да бидеме уште пооптимистични за перспективите на грчко- американските односи”.

Говорејќи за Турција, повтори дека Грција сака добрососедски односи базирани на целосно почитување на меѓународното право, но „турската Влада мора на дело да докаже дека го поддржува дијалогот во рамките на меѓународното право и дека овој избор треба да има континуитет” и да не биде моментален.

-Констатираме, не само ние, туку и сè поголем дел од меѓународната заедница дека Турција од 21 век радикално се менува. Оживува национализмот, веќе е комбиниран со силен ревизионизам, со силен нео-отомански исламизам, со јасно отстапување од западните вредности како што се демократијата, човековите права и почитувањето на владеењето на правото, истакна Дендиас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот