Дендиас: Ја повикуваме Турција веднаш да го напушти грчкиот континентален гребен

За последните турски активности, Грција побара свикување на вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската унија, а шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека „нема да постои никаква толеранција за обидите на Турција”.

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс” доцна синоќа го промени правецот и плови североисточно, без да е познато дали се враќа кон пристаништето во Анталија, но според грчките медиуми, и понатаму се наоѓа во морскиот дел за кој Грција смета дека е нејзин континентален гребен, јави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција објавуваат дека турскиот брод воопшто не започнал со истражувањата, веројатно поради бучавата од воените бродови од двете земји.

Дополнително, коментираат дека „Оруч Рејс”, континуирано го следат бродови на грчката воена морнарица.

Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос синоќа одржа состанок на Советот за одбрана на кој присуствуваа началниците на Генералштабот на армијата, на воената морнарица, на военото воздухопловство зада се оцени ситуацијата во поширокиот регион.

За последните турски активности, Грција побара свикување на вонреден состанок на Советот за надворешни прашања на Европската унија, а шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека „нема да постои никаква толеранција за обидите на Турција”.

-Се обраќаме до сите. Јасно ставаме на знаење дека Грција ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права. Ја повикуваме Турција веднаш да го напушти грчкиот континентален гребен – рече Дендиас.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вчера телефонски разговараше со претседателот на Кипар Никос Анастасиадис за турските активности во Источниот Медитеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот