Дендиас: Израел има право на самоодбрана, потребен е итен прекин на огнот

Фото: МИА

Потребен е итен прекин на огнот, ракетите од Хамас врз Израел се за осуда, а Израел има право на самоодбрана, изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по неговите средби во Израел и на палестинска територија, каде што во текот на денот се сретна со патријархот од Јерусалим Теофилос, со шефот на израелската дипломатија Габи Ашкенази и палестинскиот премиер Мохамад Штајех, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изјава за грчките новинари, Дендиас објасни дека веднаш по средбите учествувал на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ каде што информирал за разговорите.

– Ставив јасно на знаење дека е потребен итен прекин на огнот, заштита на човековите права, заштита на човечкиот живот. На најјасен начин го осудив истрелувањето илјадници ракети од Хамас против Израел. Тоа е постапка што е апсолутно и целосно за осуда. Исто така изјавив дека Израел, како и секоја земја во светот, има право на самоодбрана, рече Дендиас.

Тој додаде дека е потребно да се преземе иницијатива за Блискиот Исток, бидејќи „празнината, односно непостоењето иницијатива ги создава прашањата што ги гледаме пред нас, човечки трагедии”.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ I Нема електрична енергија, храна и вода, а човечки измет има по улиците: Немилосрдното бомбардирање на Газа остави пустош и застрашувачки сцени

Шефот на грчката дипломатија уште еднаш повтори дека решението е согласно меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации, односно „две држави на границата од 1967 година со Ерусалим главен град на двете држави”.

За ситуацијата во Појасот Газа, истакна дека е „апсолутно проблематична и треба да сториме сè што можеме за да помогнеме”.

Од Израел, Дендиас заминува за Аман каде што ќе се сретне со неговиот јордански колега. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот