Дендиас: Иднината на Северна Македонија и Западен Балкан е во ЕУ

Никос Дендиас во Скопје
Никос Дендиас / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Денеска сум овде во Охрид, на „Преспа форумот за дијалог“ за да го повторам цврстиот принцип на грчката надворешна политика дека иднината на Северна Македонија, иднината на Западен Балкан е во Европската Унија, во европските вредности, во заедничкиот простор на правото и заштита на човековите права, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во изјава за грчките новинари по неговото пристигнување на „Преспа форумот за дијалог“, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас во кусата изјава, освен што уште еднаш ја изрази грчката поддршка за ЕУ перспективата, потенцираше дека „она што мора со голем напор да се одбие, се било каквите влијанија на фактори кои би сакале да го одведат регионот во друга, поинаква насока, насока поинаква од ЕУ, меѓународното право, европските вредности“.

Шефот на грчката дипломатија попладнево ќе се обрати на панел дискусија на форумот за „Европскиот мировен проект на Западен Балкан“.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот