Дендиас: Грција можно е кривично да ги гони одговорните за киднапирањето на летот на Рајанер

Никос Дендиас / Фото: EPA-EFE/PETROS KARADJIAS/ POOL

Грција, според шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, ја разгледува можноста кривично да ги гони одговорните за принудното слетување на авионот што леташе од Атина за Вилнус, а во кој беше Роман Проташевич и беше уапсен во Минс, јави дописничката на МИА од Атина.

-Не го заборавивме прашањето со киднапирањето на авионот на Рајанер. Грција, со оглед на тоа дека авионот замина од Атина за Вилнус, разгледува дали треба да започне кривично гонење против одговорните, рече Дендиас за Јуроњуз на грчки јазик, по завршувањето на состанокот за надворешни работи на ЕУ.

Дополнително, објасни дека одлуката на Унијата за Белорусија не е против економијата, туку против режимот, а ЕУ се обидува да покаже дека го поддржува белоруското општество за враќање на демократијата во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот