Дендиас: Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот

Никос Дендиас / Фото: EPA-EFE/PETROS KARADJIAS/ POOL

Консолидација на мирот е наша примарна цел и на Западен Балкан, каде што Грција долго време се залага за евро-атлантска интеграција, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас за време на дигиталната конференција на Еврејскиот Институт за национална безбедност на Америка (JINSA), истакнувајќи дека Грција има стабилизирачка улога во Источниот Медитеран и на Балканот, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за грчката надворешна политика, истакна дека главните цели се промовирање мир, стабилност, просперитет и партнерства и додаде дека земјата е посветена на решавање на сите отворени прашање врз основа на меѓународното и морското право.

Дендиас се осврна и на односите со САД, за кои рече дека се на највисоко ново досега, споменувајќи го Договорот за меѓусебна одбранбена соработка, за кој вели дека е „стратешки договор, бидејќи се однесува на унапредување на безбедноста и стабилноста во Источен Медитеран и на Балканот со зајакнување на американскиот отпечаток таму”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот