Дендиас: Грција е секогаш подготвена за дијалог со Турција, но не под уцени и закани

Фото: МИА

Грција е секогаш подготвена за дијалог со Турција, но дијалог во рамките на меѓународното право, а не дијалог под уцени и закани, ниту пак во присуство на турски воени и истражувачки бродови, порача шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по средбата со неговиот колега од Малта Еварист Бартоло во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓу темите за кои разговарале двајцата министри за надворешни работи била и ситуацијата во Источниот Медитеран, како и во Либија, но и мигрантското прашање.

Бартоло истакна дека она што е потребно е мирно да се решаваат разликите, да се почитува и да надвладува меѓународното правото, „а не правото на џунглата”.

Рече дека иако Малта е далеку од Источниот Медитеран, сепак случувањата може да влијаат врз целиот Медитеран, истакна дека се потребни компромиси и меѓусебно почитување, додавајќи дека „компромисот е тежок и болен, но војната е потешка и поболна”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот