Дендиас: Нема да толерираме нецелосно усогласување на договореното со Северна Македонија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ги продлабочуваме односите со Северна Македонија, но нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во неговото обраќање во грчкиот Парламент, за време на расправата за буџетот за следната година, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија говореше за сите аспекти на надворешната политика на Грција, а во однос на Балканот истакна дека земјата одново се поставува како силна и стабилна европска земја и како столб на стабилност.

– Практично ја поддржуваме интегративната перспектива на земјите од Западен Балкан, како главна оска на нашата политика. Ги продлабочуваме односите со Северна Македонија, во рамките на заемно корисната соработка, но имајќи јасно поставено на знаење дека нема да толерираме појави на нецелосно усогласување и правилно толкување на договореното – рече Дендиас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот