Дендиас бара реакција од ЕУ за односот на Турција

Фото: МИА

Јасно беше ставено на знаење дека треба да постои реакција за Турција и за ова ќе се дискутира на Советот на шефови на држави и Влади оваа седмица, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас по Советот за надворешни прашања на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија објасни дека на состанокот имало опширна дискусија за „турските прекршувања” и било констатирано од сите министри за надворешни работи дека „Турција не ја сфати позитивната порака на Европската унија од Европскиот совет во октомври”.

– Напротив, продолжи со своето прекршувачко однесување. И секако, во контекст што е целосно неприфатлив: закана со војна против Грција, доколку ги прошири своите територијални води на 12 милји, рече Дендиас.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, говорејќи за односите со Турција, рече дека Анкара добила шанса, но не ја искористила.

– Пораката од Грција беше и е јасна. Не може земја што изјавува дека сака да биде стратешки партнер на ЕУ, да ги оспорува суверенитетот и суверените права на земјите-членки на ЕУ, ниту, пак, да ги крши европските принципи и вредности. Ниту да ги поткопува безбедноста и стабилноста во поширокиот регион. И ова не може никој да го игнорира ниту да го потцени, рече Пецас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот