Дендиас: Албанија и Северна Македонија овој месец да ги почнат преговорите со ЕУ

Никос Дендиас / Фото: EPA-EFE/PETROS KARADJIAS/ POOL

Силно го поддржуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, што е можно поскоро, идеално овој месец, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас по средбата во Приштина со шефицата на косовската дипломатија Доника Грвала-Шварц, јави дописничката на МИА од Атина.

-Грција континуирано, веќе две децении, се залага за ЕУ интеграција на Западен Балкан. Владата на премиерот Мицотакис останува цврсто приврзана кон оваа обврска. И презедовме неколку иницијативи во врска со ова. Ние силно го поддржуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, што е можно поскоро. Идеално овој месец, истакна Дендиас.

Додаде дека Грција уверила дека Западен Балкан останува високо на агендата на ЕУ, а тоа го прават, не од интерес, туку од „цврсто верување дека регионот треба да биде составен дел од европскиот експеримент” и „Западен Балкан припаѓа на Европа и треба да биде составен дел од ЕУ”.

Шефот на грчката дипломатија се задржа и на можностите за енергетската соработка во регионот и изрази уверување дека „целиот Западен Балкан, преку интерконектори треба да биде поврзан со Транс-јадранскиот гасовод (ТАП)”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот