Ден на жалост во Косово поради смртта на полицаецот Тачи

Полициските службеници се обиделе да влезат во напуштениот дел на куќата, но по обидот да ја отворат вратата се случила експлозијата во која загина Тачи.

Косовскиот претседател Хашим Тачи го прогласи утрешниот ден, четврток, за ден на жалост поради смрттна на полицаецот Сами Тачи кој настрада на должност во призренското село Жур.

Претседателот го прогласи полицаецот за херој на Косово, откако вчера вечер загина при детонација на експлозивна направа.

-Согласно законот, за ден на жалост е прогласен поради изразување почит за делото на полицаецот Сами Тачи. Државното знаме ќе биде спуштено на половина копје во сите државни објекти на Косово во земјата и во странство, рече Тачи.

Полицаецот од Специјалната единица за борба против дрога загина од експлозија од засега непозната направа. Во инцидентот повредени се уште двајца припадници на безбедносните сили и едно малолетно лице од семејството, во чија куќа се случи експлозијата.

Според досегашните информации, семејството повикало полиција бидејќи сега уапсениот Иран Бадалаја се однесувал насилно и користел наркотици.

Полициските службеници се обиделе да влезат во напуштениот дел на куќата, но по обидот да ја отворат вратата се случила експлозијата во која загина Тачи.

Според приштинските медиуми, Бадалај е познат по многубројните кривични дела. Основниот суд во Призрен против него води дури шест предмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот