Ден на музеите: Етнолошки филмови ќе бидат споделени преку социјалните медиуми

Музејот на Република Северна Македонија со пригодни содржини, кои ќе бидат споделени на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, ќе го одбележи Меѓународниот ден на музеите – 18 мај. Меѓу содржините се повеќе документарни филмови, направени во согласност со темата на годинашното одбележување на денот – „Музеите за еднаквоста: Различност и инклузија“. Филмовите говорат за разноличниот мозаик на етнолошко наследство во државата.

Повеќе од педесет години, музеите низ целиот свет го одбележуваат 18 мај како Меѓународен ден на музеите. На Генералното собрание на Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ, одржано во Москва во 1977 година, овој датум беше официјално востановен како празник на музеите „со цел да се обединат креативните аспирации и напори и да се насочи вниманието на јавноста во целиот свет на нивната дејност“.

Годинава музеите во поголем дел од светот нема да можат во целост да ја остварат својата мисија, но и во овие кризни времиња наоѓаат начин да презентираат дел од културното наследство за кое се грижат, овој пат по електронски пат.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 31, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 16-17 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот