Ден на младоста

Џабир Дерала / Фото: СП. архива

Со Титовата штафета ме врзуваат и многу други спомени. Со поголема сигурност се сеќавам на еден претходен момент, кога бев четврто одделение, тогаш ја носев и локалната штафета. Пред да го истрчам делот што мислам дека водеше до градинката каде што е и моето гласачко место во денешницава, требаше да изрецитирам една песна. Е, тоа беше пех

Не можам да се сетам на нејзиниот облик, ја помнам низ магла. Очите ми беа насолзени од возбуда и трема. Нозете ми се тресеа. Имав вртоглавица. Кога ќе размислам, се чувствував како да сум болен од грип, како да ме тресе грозница. Сакав да побегнам, да се скријам, истовремено сакав да бидам таму, се чувствував важно, големо.

Ми ја ставија в раце додека нешто ми зборуваа, веројатно ми даваа некои насоки или некој комунистички благослов, што ли, не знам. Само знам дека беше блескава и многу, многу тешка. Искрено, не знам ни кое одделение бев, шесто, можеби седмо, можеби бев поголем… Инаку, добро се сеќавам и на најраните години на детството, но тој миг, тие неколку минути ми се во магла.

Си го слушав срцето како ми татни во ушите. Мислам дека слушнав нешто како „Ајде, трчај!“ Во следниот миг потрчав. Немав здив, нозете сами трчаа, слушнав ракоплескање… Трчав. Бескрајно долго. Пот и солзи ми се слеваа во очите, не ги чувствував нозете, а со рацете (или со раката) толку цврсто ја држев што ми отрпнаа прстите и дланките.

Некаде во далечината, го здогледав момчето што требаше да ја преземе. Застанав пред него. Не знаев што да правам. Тој ги имаше подадено рацете кон мене. Некој ми довикна да му ја дадам. Тој ја презеде, се сврте и потрча. Толку беше. Ја носев Штафетата на младоста. Кога си одев накај дома, земјата како да не ја допирав. Бев среќен и горд.

(Се разбира, сите димензии и состојби до тука, растојание, време, сѐ заедно, се преувеличени, онака како што низ магла ги повикувам од спомените, бидејќи возбудата што ја чувствував го преувеличи целиот настан кој веројатно не траеше повеќе од неколку минути на растојание од некои стотина или помалку метри.)

По не знам колку денови, вечерта, на 25 мај, на црно белиот телевизорја видов како истата таа штафета ја прими другарот Тито.

Со Титовата штафета ме врзуваат и многу други спомени. Со поголема сигурност се сеќавам на еден претходен момент, кога бев четврто одделение, тогаш ја носев и локалната штафета. Пред да го истрчам делот што мислам дека водеше до градинката каде што е и моето гласачко место во денешницава, требаше да изрецитирам една песна. Е, тоа беше пех. Кажав Тито три пати и застанав. Учителката благо ми пријде, ме погали и ме тргна од сцената. По некое време, со истата благост, ме врати на сцената. Ја изрецитирав песната како од пушка. Многу радосен момент.

Уште порано, учествував и на Цветното дефиле во Скопје, мислам дека беше некаде 1974, 1975 година… Прво, второ одделение… Се сеќавам, ме имаше и на фотографија на насловната страница на весникот „Нова Македонија“. Единственото дете свртено кон камерата, малку излезен од стројот…

Штафетата ја носеа 12, 13, можеби и повеќе илјади млади луѓе секоја година, од 1945 до 1987 година, на траса од околу 10.000 километри, низ целата тогашна Југославија. За 42 години, веројатно околу половина милион млади ја носеа Титовата штафета, на исто толкав број километри поминати низ градовите, селата и патиштата на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Патот на последната штафета, во 1987 година, беше прекината во Словенија затоа што изби скандал. Словенечкиот дизајн на плакатот беше плагијат на нацистичкиот плакат „Третиот Рајх“ од Рихард Клајн. Штафетата таа година е дизајнирана во Словенија во која веќе подолго време имаше отпор против Штафетата и Денот на младоста, против Федерацијата воопшто. Во 1988 година, Штафетата на младоста, Титовата штафета, замина во историјата.

Да живее Денот на младоста!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот