Ден на Канада во Северна Македонија, Србија и Црна Гора (ВИДЕО)

Амбасадорката на Канада за Северна Македонија, Србија и Црна Гора, Кати Чаба, денеска го честиташе Денот на Канада во овие земји, порачувајќи дека во изминатата година овие држави ја поддржувале Амбасадата во напорите за зајакнување на билатералните односи и проширување на трговските и инвестициските врски.

-Можеби држиме дистанца, но тоа не не спречува да бидеме горди на Канада и благодарни на сите наши пријатели и партнери во Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Работевме заедно на промовирање на заеднички вредности како демократија, човекови права и родова еднаквост. Заедно ја зајакнавме нашата култура и академска соработка, вели Чаба во видео пораката.

Изрази благодарност до владите на Србија, Северна Македонија и Црна Гора кои помогнале во напорите при репатријацијата на Канаѓаните за време на пандемијата со Ковид-19.

-Физичкото дистанцирање не принуди да го погледнеме светот на нови начини. Оваа година, добивме за нашата Амбасада нов тепих, што ја покажува картата на Отава. Денес можам да кажам дека ви испраќам честитки додека стојам на Парламент хил – ридот на кој се наоѓа зградата на нашиот Парламент. Дури и со физичко растојание, се надевам дека ќе ни се придружите во прославување на постојана и заедничка обврска за вклучување и разновидност, истакна амбасадорката.

Од нејзино име и од името на колегите на Амбасадата во Белград и конзулатот во Скопје, им посака на сите Канаѓани во Србија, Северна Македонија, Црна Гора и низ целиот свет Среќен ден на Канада и најискрени желби и благодарност до нашите партнери и пријатели во регионот.

Во продолжение на видеото следуваа размислувања од вработените во амбасадата и конзулатот на Канада. Некои од нив, меѓу кои и на нашиот почесен конзул на Канада, Анета Пешева, беа дека Канада е земја на толеранција, признание на различности и почит кон сите луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот