Ден на бесплатни стрипови во стрип-книжарницата „Бункер“

Стрип-книжарницата „Бункер“ по пауза од 2017 година на 26 ноември 2022 одлучи повторно да организира „Ден на бесплатни стрипови“. Станува збор за манифестација што за првпат се одржала во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се проширила и во многу други земји.

Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во повеќе од 30 земји. Целта на манифестацијата е да се промовира и да се прошири стрип-културата.

– Оваа година обезбедивме 500 стрипови што ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот ќе се одржи на 26 ноември во стрип-книжарницата „Бункер“, со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот, или додека не се потрошат количествата.

Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 проценти попуст на целокупниот асортиман.

Исто така, новина е што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер – објасни Владимир Битољану од стрип-книжарницата „Бункер“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 156, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 26-27 ноември 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот