Ден Дончев си поднесе оставка од директорското столче во Фонд за здравство

Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев си поднесе оставка. Информацијата за Слободен печат ја потврди Дончев, а причините за оставката вели дека се семејни и здравствени.

Името на Дончев се поврзуваше со аферата наречена „Рекет“ 2 во која сопственичката на „Диамед“ го обвини дека се обидел да спречи странска инвестиција да влезе во Македонија.

Именувањето на Дончев за директор на Фондот за здравство предизвика негативни реакции во јавноста. Дончев на изборите на 11 декември 2016 година беше носител на листата во првата изборна единица од коалицијата „ВМРО за Македонија“. Тој е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на Телеком. Во 2014 година, премиерот Зоран Заев на судењето по тужбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за клевета за обелоденување на корупциската афера при продажбата на Македонска банка, рече дека снимките на кои се слуша дека се договара исплата од 1,5 милиони евра во кеш при продажба на банката му ги дал токму Ден Дончев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот