Ден Дончев и Орхан Рамадани се сретнаа со делегација на Фондот за здравство на Црна Гора

Фото: Слободен печат

Директорите на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев и Орхан Рамадани денеска се сретнаа со претставници на делегацијата на Фондот за здравство од Црна Гора.

Работната средба, соопштија од ФЗО, се одржа на иницијатива на Фондот за здравство на Црна Гора, чии претставници изразија интерес да добијат попрецизен преглед и информации за реформите во македонскиот здравствен систем, особено реформите во надлежност на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

На средбата беше разменето искуство меѓу стручните лица и делегацијата на Фондот за здравство на Црна Гора, со посебен осврт на македонските искуства во реализацијата на проектите на Светската здравствена организација во врска со националните здравствени сметки, плаќањето услуги по моделот на дијагностичко сродни групи ДСГ, кој во нашата земја е воведен од 2009 година, како и набавката на лекови и моделот за договори со приватните здравствени установи.

Средбата беше оценета како конструктивна и беше истакнато заемното задоволство од соработката меѓу двата Фонда, при што стана збор и за модалитетите и механизмите за продлабочување на заедничката билатерлна соработка, информираат од Фондот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот