Демонстрантите во Судан повикуваат на револуција, паднаа првите човечки жртви

Демонстрантите излегоа на улиците на главниот град Картум и вториот по голрмина судански град Омдурман носејќи судански знамиња и извикувајќи слогани против воената хунта, а во најновиот извештај на Ројтерс се наведува дека воените власти убиле двајца демонстранти .

Организациите кои се борат за демократизација на општеството ги повикаа граѓаните да излезат на масовни протести ширум земјата и да бараат враќање на соборената преодна влада и ослободување од притвор на високите политички функционери.

Специјалниот пратеник на ОН за Судан, Вокер Пертс, доцна синоќа се сретна со генералот Мохамед Хамдан Дагал, кој го предводи државниот удар, и кој е близок соработник на суданскиот генерал Абдел-Фатах Бурхан кој се смета за најмоќна воено политичка личност во Судан

Дагало командува со Силите за брза поддршка, паравоена единица која ги контролира улиците на главниот град Картум и која одигра голема улога во пучот.

Спецјалниот пратеник на ОН Вокер Пертс на својот Твитер профил напиша дека „апелирал до военото суданско раководство да дозволи мирни протести и да избегнува каква било вооружена конфронтација.

Денешните протести најверојатно ќе го зголемат притисокот врз суданските армиски генерали, кои се изложени на растечка осуда од САД и другите западни земји и апели за обновување на цивилната влада.

Демонстрациите беа организирани под слоганот „Враќањето назад е невозможно“, а демонстрантите бараа растурање на владејачкиот воен совет предводен од генералот Бурхан, предавање на власта на цивили, распуштање на паравоените групи и реструктуирање на воените, разузнавачките и безбедносните агенции за отстранување на офицерите сè уште лојални на поранешниот на претседателот, исламистите и автократите Ал Башир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот