Демонстрантите во Полска не се откажуваат од барањето за измена на Законот за абортус

Протест пред парламентот во Варшава / Полска / 28 октомври 2020 / Фото: EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Демонстрантите во Варшава и во другите полски градови денеска организираа маршеви во знак на протест поради рестриктивниот Закон за абортус и полициското насилство на неодамнешните протести.

Демонстрантите во Варшава побараа од градските власти да се преименуваа плоштадот, на кој често се собираат, во „Кружен тек на женските права”. Тие тврдат дека новото име е подобро од актуелното – Роман Двомски, државник кој имаше клучна улога во ослободувањето на Полска во 1918 година, но беше и антисемитист.

Протестите под мотото „Во име на мајките, ќерките, сестрите” во Краков, Гдањск и другите градови се одржани на денот кога жените во Полска пред 102 години се стекнаа со правото на глас.

Полицијата преку мегафони ги опоменуваше демонстрантите дека маршевите се недозволени.

Протестите во Полска почнаа откако Уставниот суд на 22 октомври донесе одлука за забрана на абортус на фетус со вродени аномалии, дури и ако нема шанса да преживее. Во Полска веќе беше во сила еден од најрестриктивните закони за абортус, според кој е дозволен прекин на бремненоста само во случај на аномалии на плодот, ризик по здравје на жената или во случај на инцести силување.

Активистите бараат целосна либерализација на законот за абортус и оставка од десниочарската Влада, која се уште не ја имплементирала одлуката на судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот